22/11/2024
Македонија

Мицкоски: На средбите со соговорниците ја потенцирам и потребата за поголема гласност за луѓето кои што се жртва на политичкиот терор од власта

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Хрстијан Мицкоски, во јавување во вестите на Канал 5 во врска со посетата на партиската делегација на ВМРО-ДПМНЕ во Словенија и Хрватска рече дека на состаноците станало збор за Евроатланската иднина на државата, како и за тоа како можат овие држави да ни помогнат на тој пат. Мицкоски ги информирал своите соговорници за политичкиот терор кој се врши во Република Македонија.

Мицкоски во Словенија оствари средба со претседателот на СДС и поранешниот премиер на Словенија, Јанез Јанша, додека во Хрватска со претседателот на ХДЗ и актуелен премеир на Хрватска, Пленковиќ.

„На состаноците имавме можност да размениме мислења за тоа што се вели моментално во Република Македонија. Ја искористив можноста да поразговарам отворено за иднината на Република Македонија и нејзиното евроинтегрирање, како и интегрирање во НАТО Алијансата. Да побарам поддршка од нив бидејќи се тоа наши сестрински партии, традиционални партии на Република Македонија се Словенија и Хрватска“, изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во телефонскиот разговор во вестите на Канал 5.

Спорен него посетите што ги оствари во Словенија и Хрватска ги оцени како исклучиво позитивни средби.

„Исто така не ја испуштив можност да ги информирам моите соговорници за она што е моменталната во Република Македонија за политичкиот терор кој што владее во моментот во Република Македонија. Но, исто така да побарам поддршка да ја зголемиме гласноста за сите оние луѓе кои што во моментот се жртви на тој политички терор во Република Македонија,“ додаде Мицкоски.