Мицкоски: Не може да очекувате дека ќе добиете датум за преговори, а државата да ние е прогласена за најкорумпирана во Европа
Македонија критериумите за членство во НАТО ги исполни уште со Букурешкиот самит во 2008-ма година. Констатирано и повеќе пати повторувано, ова преку својот статус на Фејсбук го објави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.
-Она што преставува реален проблем е билатералниот спор за името со Грција. И овој спор ние сакаме да се надмине и тука никогаш не сме се разликувале од било кој посериозен политички субјект. Но она по што се разликуваме е начинот на кој тој се решава и цената што Македонија ја плаќа за тоа!
Зоран Заев со овој договор прави неповратна штета за државата, атакувајќи врз достоинството и идентитетот на нашиот народ. Но воедно сакам да обрнам внимание и на една значајна заблуда која власта ја потхранува и шири, а таа е дека сето ова ќе ни донесе подобар живот. Подобриот живот е работа исклучиво на работа, труд, програма и постојаност каква владата до сега не покажа. А нема ниту да покаже бидејќи во изминатата една година докажа дека не умеат да работат и да го направат животот подобар, пишува Мицкоски.
Тој понатаму додава, не може да очекувате европски стандарди, а фирмите на власта да се оние кои редовно добиваат државни тендери, не може да очекувате дека ќе добиете датум за преговори, а државата да ние е прогласена за најкорумпирана во Европа. Членството во овие организации е работа на мерит систем, односно се вреднува сработеното, а не она што е продадено или поклонето.
Членството во НАТО не е волшебното стапче што ќе ја крене просечната плата која сеуште е далеку под ветените 500 евра плата. Тоа нема да направи да се крене економијата од досега најниските 0.1 осто, ниту да го реши проблемот со корупцијата и криминалот кој извира од власта.
Исклучиво сето ова може да се подобри само преку работа и посветеност.
И во периодот што следи ќе видиме разно разни дебати на други теми освен оние кои се суштински важни за граѓаните, борба на економски идеи и размисли, гледиште за реалните проблеми.
Гледаме како Талат Џафери со неподнослива леснотија вели ќе го објавел договорот со Грција, и договорот за двојазичност без потпис од Претседателот, што предупредувам преставува ново кривично дело, чија одговорност брзо не застарува, и ќе дојде ден доколку се случи таков чекор, одговорноста за ова и многу други работи да биде покрената.
Нашата држава преживеала многу лаги и изневерени очекувања, ќе ги надмине и овие Заевизми, но проблемот е што додека ние како општество тонеме, целиот регион оди напред, и испуштаме драгоцено време.
Подобриот живот се мери преку квалитетот на живот, а тој е со секој изминат час се полош и понизок. Затоа се потребни промени, стои во статусот на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски.