Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ ќе го поведе народот во одлучувачки поход кон уривање на оваа ненародна власт
ВМРО-ДПМНЕ се реконструира многу внимателно нема да дозволи да биде испровоцирана на непредвидени чекори. ВМРО-ДПМНЕ за многу краток период ќе се реорганизира ќе застане цврсто на нозе и ќе тргне во одлучувачки поход кон уривање на оваа ненародна власт предводена од Зоран Заев, а поддржана од Талат Џафери,се до моментот додека немаме предвремени избори, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, во вчерашното гостување на Алфа телевизија.
Мицкоски зборуваше и за обидите на СДСМ да се испровоцира опозицијата да направи непромислен чекор и да се обвини ВМРО-ДПМНЕ за Законот за јазици, преговорите за името и сите неуспеси на владата.
Тој истакна дека периодот на мај месец, отприлика ќе биде почетокот кога ВМРО-ДПМНЕ ќе започне со протести по улиците низ Македонија.
„ВМРО-ДПМНЕ нема да се врати додека не победи на следните предвремени парламентарни избори, а се со цел заштита на националните и државни интереси на Република Македонија,“ нагласи Мицкоски.