Мицкоски за Илинден во струшко: Борбата за Македонија продолжува и сите заедно обединети и силни ќе победиме!
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, за Илинден ќе присуствува на традиционалниот народен собир во Ташмаруништа, струшко. Таму традиционално ќе се одржи 70-та Културна манифестација Илинден со која се чествува верскиот и државен празник на 2 август. Ташмаранушта и регионот имале активна улога во Илинденското востание.
На својот фејсбук профил, Мицкоски ги цитира славните Илинденци и ги повикува граѓаните да бидат обединети и силни.
Во продолжение следува неговиот статус во целост:
…Елате под бајрако на „Афтономна Македонија”! Македонија јет заедничка наша мајка и викат за помош. Елате да скршиме синџирите на ропството, да се куртулиме от маки и страданија… Нека сет живи борците за слободата и сите чесни и добри македонски синој!
Ура! За „Афтономна Македонија”!…
Вака повикуваа славните Илинденци таа 1903-та година. И еве по повеќе од едно столетие Македонија е соочена со предизвици, исто така големи, значајни. Илинденскиот завет денес е завет за сигурна, стабилна, просперитетна Македонија, признаена, интегрирана, држава на среќни граѓани. Овој стремеж денес гледаме како е напаѓан од неодговорни политичари, од политичари кои своите лични агенди и кариери ги ставаат пред интересите значајни за народот и земјата. И тоа мора да се промени. Македонија се буди, а како никогаш порано не биле потребни промени, промени кои ќе донесат надеж, кои ќе донесат сигурност и поудобен живот.
Истите оние кои денес од политичарите велат ДА, се токму оние на кои народот ќе им рече НЕ за сите погубни политики, за секое одземено достоинство, за секоја неправда и направен криминал. Не може на Македонија да и донесат Европска Унија истите оние кои на власта гледаат како мегдан за личен профит и бизнис, нема Европска Унија кога нема работа и реформи, ама има сомнителни тендери, криминал, непотизам. Не може да дозволиме лицето на Европската Унија да биде извалкано од ликови како Заев, Шеќеринска, Анѓушев оптоварени со сомненија за криминал, аболиција, хедонизам.
Свеста достоинството и честа биле водилка во борбата за слобода и самостојност, отсекогаш и засекогаш.
Затоа овој Илинден 2 август ќе бидам во Ташмаруништа Струшко, едно од многуте населени места кои гордо го кренале бајракот за слободарска Македонија, заеднички да го прославиме делото кое и денес не обврзува, не прави горди и ни говори дека борбата за подобар живот, дека борбата за Македонија продолжува и сите заедно обединети и силни ќе победиме!