Михаил Трендафилов – Нанче: Охрид е симболот на Македонија
Кандидатот за градоначалник на Охрид од редовите на Граѓанско Демократската Унија (ГДУ), Михаил Трендафилов-Нанче, денес одржа прес-конференција на која истакна:
„За крај темата која беше и еден од мотивите да се кандидирам за градоначалник, а која низ сите дебати на некој начин се одбегнуваше.
Но пред да разговараме на било која тема за Охрид, мора со прст да покажеме на злото кое е посеано во Охрид. Тоа зло се вика раздор, раздорот што го посеаа СДСМ и ДПМНЕ, со што главниот збор го имаат двата гласа од ДУИ во советот, па така сме сведоци на катастрофата на Охрид во сите сфери.
Охрид ја доживува судбината на Кичево и Струга од 2004 година.
Охрид не смее да падне. Охрид е симболот на Македонија, во Охрид не смее да се обележуваат територии со градење на 32 метарско минаре, со една единствена цел демонстрација на моќ.
Јас имам решение за проблемот, изградба на меморијален центар на културите.
Јас и партијата што ме поддржува немаме ништо против џамијата и минарето. Сакам да се изгради камбанарија до минарето. Пред XVI век на местото на џамијата имало црква, пред неа имало и ранохристијанска базилика. Историјата на Охрид не започнува од XVI век. Ако станам градоначалник и овој мој проект стане реалност, Охрид ќе стане единственото место во светот каде еден до друг греат симболите на две големи цивилизации. Во еден двор, зарем има подобар начин да покажеме пред светот дека ние охриѓани имаме заеднички живот за пример. Јас сакам Охрид да грее, да биде град за пример. Јас тоа го мислам, верувам во него и затоа ве повикувам мои охриѓани, не дозволувајте да ве лажат повторно! Го имате најсилното оружје – вистината, а во ваши раце се и најдемократските „куршуми“- пенкалото и гласачкото ливче.
Бидете свои. Заокружете го бројот 4.“ – истакна Трендафилов-Нанче.
https://www.facebook.com/MihailTrendafilovNanche/videos/353968908658947/