Михаил Трендафилов-Нанче: Тука ќе се роди најубавиот парк, прличевиот парк, паркот на прличевите беседи!
„Е мој Григоре Прличев… Кај ти е местото? Овие зборуваат за реновирање на плоштади кои се нови, и едниот и другиот, а тебе овдека те ставија до контејнериве за ѓубре. Заслужуваш ли ти лауреат, ти во кој сите се крстиме во тебе, а оставен овдека како на буниште. Јас кој не сум достоен ни да ја допрам твојата рака, ветувам од мене дека на овој простор ќе се роди најубавиот парк, прличевиот парк, паркот на прличевите беседи.“ – истакна во своето видео-обраќање кандидатот за градоначалник на Охрид од редовите на ГДУ, Михаил Трендафилов-Нанче.
https://www.facebook.com/MihailTrendafilovNanche/videos/2297615833621872/