22/11/2024
Спорт

Милевски и Барди: Во тимот има одлична енергија и тоа ќе го искористиме

Во пресрет на утрешниот натпревар на македонската А репрезентација против Фарски Острови од новото издание на Лига на Нации, на официјалната прес-конференција говореа селекторот на Македонија, Благоја Милевски и капитенот, Енис Барди. 

Благоја Милевски – селектор на македонската А репрезентација: 

Првиот натпревар е секогаш е тежок. Фарски  Острови е квалитетен, дисциплиниран противник и имаме максимална почит кон нив. Сепак, наша цел е прво место во групата на Лигата на нации. Треба да бидеме на својот максимум за да не зависиме од играта на противникот. Во минатото издание на Лигата на нации, Фарски Острови ја победија Турција, а тоа не е мала работа. 

Временските услови се такви какви што се. Не е лесно да се адаптирате од 35 на десетина степени. Затоа дојдовме ден порано и верувам дека ќе бидеме спремни. Мислам дека ќе се прилагодиме на сите услови и ќе го наметнеме нашиот квалитет“

„Противникот е добро организиран, дисциплиниран и мора да бидеме на исто ниво и подобри  што се однесува до динамиката на игра, агресивноста и желбата, за да дојде нашиот индивидуален квалитет до израз. На овој собир гледам одлична енергија и тоа треба да го пренесеме на терен“.

Енис Барди – капитен на македонската А репрезентација:

„Сите сме свесни што ни следи и направивме детална анализа за овој натпревар. Атмосферата секогаш е добра кога се игра за Македонија и можеби на овој собир имаме најдобра клима. Имаме одлични играчи, кои потпишаа за големи клубови како Димитриевски, Елмас, Миовски и од нив очекуваме многу.

Не треба да бараме алиби и како и секогаш да бидеме максимално фокусирани на нашата игра. Не треба да ни недостасува желба и треба да излеземе просторот кој противникот ќе ни го понуди да го искористиме“.


WebOhrid / 06.09.2024 / ФФМ