Милошевски: Искрени честитки до Георгиески за успешна работа и реализација на ветените проекти
По завршувањето на Предвремените избори за Градоначалник на општина Охрид, кандидатот за градоначалник на Охрид од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Митре Милошевски испрати соопштение до медиумите во кое стои:
„Драги охриѓани, Ви благодарам на сите кои го остваривте своето демократко право на локалните избори прифаќајќи одреден концепт за градот за кој мислевте дека треба да се реализира.
Благодарам за поддршката што секојдневно ја добивав од Вас за мојата програма За убав град. Секоја врата ни беше отворена, со секого поразговаравме, станавме дел од сечиј живот и ги ислушавме сите предлози, идеи, но и маки и проблеми.
Благодарност до тимот на ВМРО-ДПМНЕ за несебичната ангажираност, максималната заложба и безрезервната поддршка за целиот овој период во кампањата.
Водевме позитивна, слободна, фер и достоинствена кампања, не водевме црна кампања и не кажавме ниеден лош збор.
Искрени честитки до мојот почитуван колега Константин Георгиески за успешна работа и реализација на ветените проекти од својата програма пред охриѓани.
Мојата душа и моето срце живеат за поубаво утре, за убав Охрид и затоа надежта е дека сите граѓани ќе имаат еднакви шанси за достоинствен живот.
Да живее ВМРО-ДПМНЕ, Да живее Охрид, Да живее Македонија.“ – истакна Милошевски.