Милошевски: Охрид е мозаик од културни вредности, нашата грижа мора да биде насочена токму кон нив
Кандидатот за градоначалник на Охрид од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, д-р Митре Милошевски, денес одржа прес-конференција на која истакна дека Охрид е мозаик од културни вредности кои се наша гордост и треба да се негуваат.
„Културата, традицијата, историјата и религијата се вредности коишто се наша гордост и треба да се негуваат. Во време кога Светот е потресен од уништувањето на катедралата Нотр Дам во Париз како дел од светското културно наследство изразувам искрено жалење затоа што културата е идентитетот и алка на духовниот континуитет.
Градот Охрид е мозаик од културни вредности, а нашата грижа мора да биде насочена токму кон нив.
За убав град заложбата за наследните вредности е:
- Организација и поддршка на Охридската академија на хуманизмот;
- Организација на христијанските празници Богојавление-Водици;
- Помагање на традиционалното прославување на верскиот празник Св. Василиј – Василица, низ сите Урбани заедници низ Општината;
- Организација на Божиќна литија;
- Организација на настан „Сите кон Св. Климент“ и Свечена градска академија,
- Организација на Ифтарска вечера за припадниците од муслиманската вероисповед;
- Поддршка на фестивалот на Египќани.
Сите тие наследни вредности вградени со проектите како поставување рекламни билборди со фотографии од стар Охрид, типизирани тезги, обележувањето на културни историски и археолошки локалитети со легенда, означување на локациите во стар град каде се напишани староградски песни со кратка легенда и текст, ќе бидат траен белег за Охрид.
Охрид како развиена културна средина ќе биде театарска и филмска ризница од културни вредности.
Нашата култура како дел од македонскиот идентитет нè издвојува, но и нè соединува. Таа е најсилна промоција на туризмот, а Охрид и охриѓани, како и сите граѓани на Република Македонија и бројните странски посетители да го спознаат бисерот на културата.
5 е бројот за победа во Охрид. 5 за културата и културните вредности. 5 за убав град, за убав Охрид. Охрид повикува!“ – истакна Милошевски.