Милошевски: Секогаш мислиме за доброто на граѓаните како во градот така и во руралните средини
Кандидатот за градоначалник на Охрид од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, д-р Митре Милошевски, денес одржа прес-конференција на која истакна:
„Граѓаните сакаат промени, граѓаните сакаат дела, а не зборови. Ние сме тие коишто секогаш мислиме за доброто на граѓаните како во градот така и во руралните средини.
За убав град и за потребите на жителите во овој дел на Охрид нашата цел ќе биде изградба на повеќенаменско спортско игралиште како и детски игралишта на повеќе локации во неколкуте Урбани заедници.
Приоритена задача е да ги исчистиме и уредиме речните корита на реките Сушица и на Коселска река во Долно Лакочереј.
За учениците современи услови со реконструкција и доуредување на ОУ „Кочо Рацин“.
Поставување автобуски постојки за жителите да имаат услови да чекаат на точно одредените локации.
Асфалтирање на улиците „Прилепска“, „28 Април“ и на сите споредни улици во Радојца Новичиќ.
Реконструкција на тротоарите на улица „Радојца Новичиќ“ како и поставување улично осветлување.
Замена на водоводната линија односно замена на азбесните цефки со нови пластични.
Водоводна мрежа и атмосферска канализација на улица „Будва“.
Фекална канализација на улица „Железничка“, „Будва“ и „Александар Турунџиев“.
Асфалтирање на улици во село Горно Лакочереј и Долно Лакочереј.
Овие дела се остварливи и нема да бидат како зборовите што беа зборови на СДСМ.
Ветувањата на СДСМ и Констатин Георгиески останаа само празно слово напишано на хартија.
Во програмата за убав град инфраструктурните, водоснабдителни и канализациони системски решенија се меѓу првите проекти затоа што се во интерес на граѓаните, како и за почиста и поздрава животна средина. Инвестирањето во патна инфраструктура, солидна инфраструктура е наша обврска.
На 5 мај: 5 за Охрид и Охридско. 5 за сите охриѓани. 5 за убав град. Охрид повикува!“ – истакна Милошевски.