22/11/2024
Охрид

Милошевски: Со програмата „За Убав град“, Охрид значително ќе напредне во својот развој

Кандидатот за градоначалник на Охрид од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, д-р Митре Милошевски, денес одржа прес-конференција на која истакна:

„Почитувани граѓани,

Oтворенoста кон Вас е одговорност доколку целта е пронаоѓање одговор и решение за сите работи поврзани со нас и градот Охрид.

Само на тој начин демократските и моралните капацитети ќе бидат на највисоко ниво.

Канцеларијата за комуникација со граѓаните или граѓанскиот штаб овозможува наша директна комуникација со цел да се изгради широк граѓански капацитет во целост.

Таа е одлична можност да можеме да ги слушнеме идеите, размислувањата и предлозите на граѓаните. Канцеларијата ќе биде наше заедничко катче каде што граѓаните секој ден ќе имаат можност да се сретнат со мене и мојот тим и да ги кажат нивните размислувања.

Канцеларијата ќе биде отворена секој ден од 10 до 21 часот и ги повикувам граѓаните да се обратат со свои идеи, предлози, проблеми, пофалби, критики.

Таа ќе нуди можност да ги оствариме заеднички вашите идеи и содржини за кампањата.

Со програмата „За Убав град“, Охрид не само што ќе се помести од една мртва точка, точка на стагнација, туку значително ќе напредне во својот развој.

Делата ќе бидат препознатливи и видливи зато што охриѓани заслужуваат подобро.

Да одбереме напредок и резултати, да направиме добри дела за поубав Охрид!

За секој жител на Охрид и охридско.

За нас и за нашите деца!

За убав град!

Охрид Повикува!“– истакна Милошевски.