Минималната плата се зголемува, малите бизниси згаснуваат, дуќаните празни
Зголемувањето на минималната плата минатата година дојде во време на светска економска и енергетска криза. Тоа резултираше со ценовен шок за потрошувачите од една страна и зголемени трошоци, сметки и кирии за фирмите од друга страна.
Повеќето мали бизниси едвај врзуваат крај со крај и тешко се справуваат со ваквите предизвици, а доколку ги зголемат цените на нивните производи или услуги, тогаш губат голем број од нивните клиенти/муштерии.
Следува ново зголемување на минималецот. Мартовската минимална плата во 2023 ќе изнесува 20.175 денари.
Зголемувањето на трошоците ги убива малите бизниси. Сведоци сме дека голем дел од дуќаните во Охрид веќе се затворија, зјаат празни и се издават под кирија. Дали зголемувањето на минималецот ќе значи и зголемување на бројот на празни деловни простории во Охрид?!
WebOhrid / 27.02.2023