Министерот Адеми, на официјална средба со Претседателот на Република Албанија, Илир Мета
Во рамките на посетата на Тирана, министерот Адеми оствари средба и со претседателот на Република Албанија, Илир Мета.
На средбата со албанскиот претседател се дискутираше за развојот на билатералните односи меѓу двете земји, како и за предизвиците со кои се соочуваат двете земји при приближувањето кон Европската Унија.