Министерот Асаф Адеми во посета на Приштина
Министерот за култура на Република Македонија, Асаф Адеми, денеска престојува во Приштина каде оствари работна средба со министерот за култура на Република Косово, Кујтим Гаши …
На состанокот, двајцата министри се договорија да ја продлабочат соработката и да работат на изготвување на заеднички културен календар меѓу двете земји.
На заедничката прес-конференција, министерот Адеми му се заблагодари на министерот Гаши за поканата и го изрази своето задоволство од остварената средба.
– Ми претставува задоволство што првата официјална посета во странство ја реализирам во Косово, што за нас не е само пријателска соседна земја, туку и земја со која имаме национални, семејни, но и културни врски, истакна министерот Адеми.
Тој додаде дека се надева дека овие состаноци ќе продолжат и во иднина.
Од друга страна, министерот Гаши пак, истакна дека тие веќе се согласиле во септември да потпишат заеднички календар на активности со што оваа соработка ќе продолжи и во иднина.
По официјалната средба, двајцата министри го посетија археолошкиот парк „Улпијана“.