Министерот Фазлиу прими делегација на косовскиот Институт за локална самоуправа
Делегацијата од косовскиот Институт за локална самоуправа денеска во Министерството за локална самоуправа беше примена од министерот Сухејл Фазлиу и вработените во овој владин оддел. Ова е следната посета на косовската делегација предводена од извршниот директор Бесник Мучај, кои како претходните години така и годинава ги споделуваат добрите искуства за градење на вистински демократски вредности на општеството од двете земји, придонесувајќи за подобрување на стандардот на граѓаните, градење на мостови за комуникација и соработка на субјекти од различни области.
Министерот Фазлиу ги поздрави членовите на делегацијата на косовскиот Институт за локална самоуправа, истакнувајќи дека вратите за соработка секогаш се отворени дури и во други конкретни области. Тој ги информираше присутните дека Министерството за локална самоуправа продолжува да ги унапредува своите активности главно во три важни области: децентрализација на власта,рамномерен регионален развој и прекугранична соработка со сите соседи.
Децентрализација на власта и натаму останува основен столб на демократизација на општеството. Направивме значајни чекори и овој процес ќе продолжи според Нацрт-стратегијата за децентрализација на власта во Република Македонија. Она што е важно за нас не е само давање поголеми овластувања на општините, туку и доброто управување со нив, финансиска стабилност на општините, и развој на општините земајќи ги предвид приоритетите на граѓаните и обезбедување единствени услуги за сите, истакна министерот Фазлиу. Тој исто така истакна дека посебно внимание треба да се посветува на регионалниот развој и на 8-те плански региони на кои им беа споделени конкретна финансиска помош. Во оваа прилика, го спомена Меморандумот потпишано со Швајцарската амбасада,со што започна имплементацијата на новиот проект во износ од 5,4 милиони швајцарски франци за рамномерниот регионален развој. Министерот Фазлиу зборуваше и за меѓуопштинската соработка во Република Македонија како многу важен сегмент преку кој општините спроведуваат заеднички проекти во интерес на две или повеќе општини.
На крајот од оваа средба, министерот Фазлиу ги поздрави членовите на косовската делегација со желба за плодна соработка и во иднина.