Министерот Филипче се сретна со амбасадорот на Албанија во РМ
Министерот за здравство, д-р Венко Филипче одржа работна средба со амбасадорот на Албанија во РМ, Фатос Река, на која беше потенцирана потребата од продлабочување на соработката во повеќе сегменти на здравствениот систем, меѓусебна размена на искуства и следење на современите трендови во медицината.