26/11/2024
Охрид

Министерот Филипче во Охрид на дискусија со младите здравствени работници

Министерот за здравство д-р Венко Филипче, претпладнево во Охрид имаше дискусија со младите здравствени работници.

„Ги слушнав нивните предлози и пораки – заеднички го унапредуваме здравствениот систем. Тие се активно вклучени во креирањето на здравствените политики, затоа што само младите знаат што е најдобро за нив. Направивме да се чувствуваат вреднувани и мотивирани.“ – рече Филипче.

 Со шест месечна платена работа почнаа 130 млади медицински сестри во Службата за патронажна дејност;
 Дадовме повеќе од 5000 согласности за вработување;
 Одобривме 1000 специјализации;
 За првпат, приватните специјализанти се платени за својот труд;
 За 40% ги зголемивме платите на лекарите специјалисти, од 20% до 23% на медицинските сестри, општите лекари до 25%;
 Со измените во Законот за здравствена заштита, го сменивме времето што специјализантот треба да го одработи во установата по завршувањето на специјализацијата во траење еднакво на должината на траењето на специјализацијата, како и намалување на висината на средствата што треба да ги надомести специјализантот ако предвреме ја напушти установата.