Министерот Манчевски на средба со амбасадорката на ОБСЕ
Министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски, денеска оствари работна средба со амбасадорката на ОБСЕ, Нина Суомалаинен, по повод завршувањето на нејзиниот мандат и нејзиното заминување.
На состанокот Манчевски и Суомалаинен се осврнаа на соработката во изминатиот период, размената на искуства и заедничките активности.
Министерот Манчевски се заблагодари за неизмерната поддршка што канцеларијата на ОБСЕ во Македонија, и ја пружи на Владата и на МИОА.
Во изминатиот период МИОА и ОБСЕ беа во постојана соработка и координација за различни аспекти од работењето со посебен акцент на медиумските реформи, и јакнење на капацитетите на јавниот радиодифузен сервис.
Двете страни се уверени дека добрата соработка ќе продолжи и во иднина, и дека ОБСЕ ќе продолжи да биде партнер за спроведување на позитивни реформи во Македонија.