Министерот Поповски и британската министерка за устав Клое Смит на состанок во Лондон
Министерот задолжен за комуникации, транспарентност и отчетност Роберт Поповски имаше работен состанок во Лондон со министерката за устав на Велика Британија, Клое Смит, во чија надлежност се и комуникациите и транспарентноста.
Министерот Поповски го презентираше концептот Отворена влада којшто го спроведуваат институциите во Република Македонија, а се темели на демократизација на медиумскиот амбиент, на активна транспарентност и на зголемена пристапност.
Министерката Смит искажа поддршка за напорите за обезбедување стандарди за отчетност кои Владата ги презема во Република Македонија и посочи дека транспарентноста подразбира политичка храброст и фокусираност кон реформи.
Заеднички беше констатирано дека комуникациите се основа на управувањето и поради тоа тие треба да бидат модерни и демократски, а демократска Влада значи и отворена и услужна Влада.
На средбата се разговараше и за медиумските реформи во Македонија, а министерот Поповски истакна дека слободата за медумско известување е императив за владата, дека не смее да се повтори атмосферата на притисок врз новинарите и дека на агендата се и реформите на јавниот радиодифузен сервис кој треба да ги отсликува и промовира демократските вредности и различностите во општеството.
Министрите Поповски и Смит разговараа и за можностите за интензивирање на соработката меѓу Сервисот за комуникации при Владата на Република Македонија и Комуникацискиот сервис на Владата на Република Македонија во делот на односите со јавноста, отворената комуникација со граѓаните, транспарентноста и услугите кои институциите ги обезбедуваат за граѓаните.
Состанокот е во рамки на тековната програма за поддршка на владините комуникации со јавноста обезбедена од Владата на Велика Британија за граѓаните на Република Македонија.