Министерот Спасовски на Меѓународна конференција за спречување на перење на пари и финансирање на тероризам во Скопје
Kриминалот ја следи општествената еволуција, прилагодувајќи се на околностите, технологиите и слично. Ова особено се однесува на проблемот со перењето на пари, кое пак стана еден од базичните сегменти во финансирањето на терористички операции, рече министерот Оливер Спасовски во своето обраќање на Меѓународната конференција за спречување на перење на пари и финансирање на тероризам што денеска се одржува во Скопје.
„Институциите задолжени за спроведување на законот треба и мора, со соодветен интензитет, да ја унапредуваат и прилагодуваат својата подготвеност за ефикасно спротивставување кон предизвиците што ги носи феноменот на перењето пари. Особено во делот на квалитетно кадровско екипирање и нормативна поставеност и опсег. А логистиката во тие задачи мора да дојде токму од стручната и експертска фела, како фундаментална концепциска инфраструктура во справувањето со посочениот проблем“, рече министерот Спасовски.
https://www.youtube.com/watch?v=ueZut_rBRJI