Министерот Спасовски утре во работна посета на Охрид
Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски утре 28.10.2019 (понеделник) ќе оствари работна посета на Охрид и охридскиот регион.
Спасовски ќе ја посети Полициската станица за граничен надзор Охридско езеро и сообраќајната полиција каде што ќе оствари работни средби со раководството, а потоа ќе ја посети Полициската станица за граничен надзор Свети Наум.
Во рамки на посетата во општина Вевчани ќе оствари средба и со градоначалникот на Вевчани, Сашо Јанкоски.