26/11/2024
Македонија

Министерот Спасовски во посета на кампот Белица, каде е во завршна фаза дрил тест за селекција на кандидатите за специјалните единици

 „Чест е да се биде дел од овие елитни единици кои се столб на МВР и сакам да ви честитам на вашиот избор и огромна мотивација да бидете дел од специјалните единици на МВР. Со вашето залагање и покажани вештини покажавте дека вашата желба е поголема од сите тешки задачи предвидени во програмата за селективна обука“, рече министерот Оливер Спасовски при денешната посета на кампот Белица кај Македонски брод, каде е во завршна фаза дрил тестот за селекција на кандидатите за специјалните единици. Министерот Спасовски потенцира дека залагањето на полициските службеници и огромната посветеност се мотив повеќе за раководството на МВР да овозможи уште подобри услови за работа. „Мотивацијата да бидете дел од специјалните единици е посилна од овие тешки обуки затоа што тоа го правите со желба да обезбедите мир и безбедност на нашите граѓани. Она што го правите е од исклучителна важност и мотив за нас како раководство на МВР да овозможиме што е можно подобри услови за работа и тоа го правиме во изминатите години. И овој камп го обновивме се со цел да го јакнеме капацитетот на МВР. Направивме во изминатиот период многу работи за подобрување на условите и тоа треба да биде мотив и за вас и сите други колеги кои сакаат да бидат дел од специјалните единици.За неполн месец сите припадници на специјалните единици ќе добијат спортска опрема. Утре промовираме нови интервентни возила исто така набавени за специјалните единици. До крајот на годината ќе започнеме со целосна обнова на кошаркарското и одбојкарското игралиште во Полицискиот центар Ѓорче Петров, а наредната година се подготвуваме да обезбедиме спортска сала за Единицата за специјални задачи. Набавивме компјутерска опрема, работиме на зголемување на платите“, рече министерот Спасовски посакувајќи им на полициските службеници да истраат до крај и да станат дел од специјалните единици.