23/11/2024
Македонија

Министерството за култура ги поддржува активностите на лицата со посебни потреби

Во Националната галерија на Македонија-Даут пашин амам, се одржа настан организиран од невладините организации “Имаго Плус”, “Дејли аутизам центар” и “во Мојот свет”, со поддршка на Министерството за култура, на кој беа изложени фотографии од активностите на овие организации со децата со аутизам, како и нивни цртежи.

Координатор од Министерството за култура беше Афет Јашари, кој истакна дека ваквите активности на Министерсвото ќе продолжат да се одвиваат во континуитет со што ќе придонесат луѓето со посебни потреби да се чувствуваат како рамноправен дел од општеството. Настанот го проследија директорката на НГМ, Дита Старова и Вангел Тркаљанов Министерството за труд и социјална политика и од Општина Чаир.

Настанот беше дел од манифестацијата Нов културен бран, во рамки на проектот “Меѓуетничка интеграција, интеркултура на деца со посебни потреби и нивните родители”.