26/11/2024
Македонија

МИОА објавува алатка за пријавување на притисок на работно место

Министерството за информатичко општество и админситрација, од денеска на својата веб страна овозможува алатка каде може да се пријави притисок на работно место. Министерството се обврзува сите пристигнати пријави да ги проследи до надлежните органи, за понатамошно постапување.

Пријавувањето е анонимно, но доколку лицето кое пријавува сака да ги сподели личните податоци, тие ќе бидат заштитетни согласно Законот за заштита на личните податоци, за што веќе се преземени соодветни технички и организациски мерки.

Согласно Законот за заштита од возменирување на работно место:

„Вработениот или лицето ангажирано со договор кое учествува во работата кај работодавачот, а кое смета дека е изложено на вознемирување на работното место, треба писмено да се обрати до лицето за кое смета дека го вознемирува и да му укаже дека неговото однесување е несоодветно, неприфатливо и несакано, а со цел за решавање на спорната состојба, односно случај без поведување на постапка за заштита од вознемирување на работно место и да го предупреди дека ќе побара законска заштита ако таквото однесување веднаш не престане.
Барањето за заштита од вознемирување се поднесува до одговорното лице кај работодавачот или друго овластено лице кај работодавачот.Барање може да поднесе и претставник на синдикатот, лице надлежно за работите за безбедност и здравје при работа или за управување на човечки ресурси и претставник на вработените, по писмена согласност на вработениот кој смета дека е изложен на вознемирување на работно место“.

Министерството за информатичко општество и администрација и министерот Дамјан Манчевски, ги повикуваат сите вработени во јавниот сектор, да ги пријават сите евентуални притисоци со кои се соочиле на своето работно место.

Пријави притисок на работно место! http://mioaportal.mioa.gov.mk/?q=mk/eform/submit/prijava