Мирко Ивановски потпиша за Хајдук Сплит
Мирко Ивановски е нов играч на Хајдук Сплит. 28-годишниот напаѓач доаѓа во Хајдук како слободен играч откако му заврши договорот со Славен Белупо.
Ивановски произлезе од младинските категории на Пелистер, а играше и за Македонија ЃП, Славија Прага, Арка Гдиња, Астра, Клуж, Видеотон, Болуспор и Славен Белупо.
„Неописливо е чувството да се потпише за Хајдук, пресреќен сум што ќе го носам овој дрес и едвај чекам да започнат натпреварите за да можам да дадам се од себе и да покажам дека ја заслужив довербата. Знам дека во Хајдук очекувањата се секогаш високи, но и моите се исто така, затоа се надевам дека сите заедно ќе направиме добра работа во следната сезона.“ – изјави Ивановски за официјалната веб-страна на Хајдук.
Минатата сезона Ивановски беше трет стрелец во хрватската лига со 15 постигнати голови. Тој има 27 настапи за репрезентацијата на Македонија.
WebOhrid