04/12/2024
Охрид

Млада тетовчанка уапсена на Аеродромот во Охрид, пронајдени 9 куршуми во нејзината торба

На 02.12.2024 во 07:20 часот на Граничниот премин – Аеродром „Св.Апостол Павле“ во Охрид, на излез од државата, полициски службеници ја лишија од слобода М.М.(19) од тетовското село Жилче.

При преглед во нејзината торба на рентген апарат биле пронајдени девет куршуми за пиштол калибар 7,65 милиметри.

Увид на местото извршија полициски екипи и по целосно документирање на настанот ќе биде поднесена соодветна пријава.


WebOhrid / 03.12.2024 / СВР Охрид