„Млади лидери создаваат иднина“ – нова програма на Црвен крст Охрид
Црвен крст Охрид во соработка со Американскиот мировен корпус во Македонија започнува нова програма „Млади лидери создаваат иднина“ наменета за ученици од прва, втора и трета година средно образование. Програмата интегрира неделни работилници, екскурзии, развој на проекти и практикум за волонтирање со цел учениците да прераснат во активни граѓански лидери во нивните училишта и заедници. „Млади лидери создаваат иднина“ е програма дизајнирана да ги зајакне лидерските вештини на учениците и да им помогне како лидери да земат учество во нивната заедница, како и да стекнат и развиваат вештини за вработливост, чувство за цел и иницијатива, одговорност и ресурси потребни за достигнување на компетитивни работни кариери.
Оваа програма е во времетраење од 14 недели, почнувајќи од март 2019, а наставата ќе се одвива на македонски јазик.
Се покануваат и охрабруваат заинтересираните средношколци да земат учество во оваа програма.
Детални информации и пријавување на веб-страната https://programamladiohrid.wixsite.com/mladilideri