Младинците на Црвен крст Охрид со ПХВ ШОУ ги претставија проектите од програмата ПХВ-ЦКА
Охридската публика го исполна амфитеатарот на Факултетот за туризам и угостителство и уживаше во креативното и уникатно ПХВ ШОУ кое викендов го реализираа младинците на Црвен крст Охрид, учесници на овогодинешниот циклус на програмата Промоција на хумани вредности-Црвен крст во акција (ПХВ-ЦКА). Тие ги претставија 6-те проекти кои ги изработија како дел од програмата ЦКА-ПХВ и преку кои дирекно помогнаа 50 луѓе, обезбедувајќи апарати за домаќинство, средства за лекување, екскурзија, а се изработи и еколошко градско катче.
Посебен сјај на ова ПХВ ШОУ дадоа дел од охридските херои, нашите познати сограѓани, успешни и докажани во својата област на делување Марко Пејчиноски, Владимир Четкар, Јован Цветкоски, Гордана Лолеска и Иван Цветкоски, кои пред присутните ги истакнаа своите успешни приказни и одржаа мотивациски говори.
Овој настан беше можност да се доделат благодарници на бројни поединци, фирми, институции кои ја помогнаа реализацијата на проектите.