Младински планинарски едукативен камп во планинарскиот дом „Троуглеш“
Викендов во планинарскиот дом „Троуглеш“ се одржа дводневен младински планинарски едукативен камп на Здружението на планинари „Великамен“, предводени од водичите Христијан Ламбевски и Бобан Блажески, под менторство на Ирена Диков при ФПСМ (Федерација на планинарски спортови на Македонија), со многу возбудлива програма.
Голема чест ни направи учеството на Пирустија Неданоски со работилница за подготовка на македонска традиционална храна.
На двете планинарски акции до домот Троуглеш на 17.06 и од домот до с. Елшани преку Студино на 18.06 учесниците беа придружувани од Црвен Крст Охрид.
„Младите научија за движење и однесување на планина, за планинарска опрема, однесување во планинарски дом, за Националниот Парк Галичица, за растителниот и животинскиот свет во паркот, движење во група и почитување на поединецот“, истакнуваат од Здружението на планинари „Великамен“.