Младите доаѓаат во Филхармонија
Вечерва, во 20 часот, во Македонската филхармонија ќе се одржи традиционалниот концерт „Младите доаѓаат“ со учениците од Државните музички училишта во Македонија, на кој ќе се претстават млади, талентирани музички уметници кои по пат на аудиција се избрани да настапат како солисти со оркестарот на Македонската филхармонија …
Диригент на концертот е маестро Фи Фи Ле, а ќе бидат изведени дела од Глук, Аколаи, Моцарт, Лало, Хајдн, Лист, Сен-Санс, Росини, Хачатуријан.