23/11/2024
Охрид

Младите од Бреинобреин програмата упатија силна порака за почит и заштита на природата

5 јуни, Денот на планетата Земја беше можност младите и возрасните волонтери на Црвен крст Охрид да направат заеднички активности насочени кон подигање на свеста за заштита на животната средина. Младите од Бреинобреин програмата на Црвен крст Охрид, ученици во ОУ Св.Климент Охридски во просториите на Црвен крст Охрид изведоа едукативна програма упатувајќи силна порака за почит и заштита на природата.

Во тие рамки беше прикажан и едукативен спот изработен од волонтерите од Клубот на млади на Црвен крст Охрид, предводени од Анамарија Момироска, а возрасните ги пренесоа своите искуства и подарија еколошки пораки на сите волонтери. Младите, заеднички со волонтерите од програмата за Грижа за стари лица на Црвен крст Охрид,  го украсија просторот околу седиштето на Црвен крст Охрид со садење на цвеќиња, а на плочникот пишуваа и цртаа еколошки пораки и содржини.