Младите шахисти од Охрид на средба со градоначалникот Пецаков
Градоначалникот на Охрид, Кирил Пецков денеска во својот кабинет ги прими децата кои обезбедија пласман на државното првенство по шах за основни и средни училишта што го организираше Федерацијата за училишен спорт на Македонија.
На натпреварот, во категоријата жени од средни училишта прво место освои Елена Лушеска која е прва година во ОСУ „Св. Климент Охридски“. Во категоријата жени од шесто до деветто одделение (основно училиште) трето место освои Емилија Лушеска од ООУ “Братство Единство“, а во истата категорија за маши трето место освои Михаил Николовски од ООУ „Григор Прличев“.
На младите шахисти градоначалникот им посака понатамошни успеси и високи пласмани на идните натпревари. Учениците кај градоначалникот беа во придружба на наставниците Борис Лушески и Наум Ристески.
WebOhrid / 20.12.2022 / Општина Охрид