МНТ ја најавува премиерата на „Дух“
Во вторник (24 април), Македонскиот народен театар ќе ја изведе премиерата „Дух“, по текст на Дејан Дуковски, во режија на Срѓан Јаниќијевиќ. Ова е првата премиера од Годишната програма на МНТ, финансирана од Министерството за култура…
Гораст Цветковски ја толкува главната улога – Александар Мара или Духот, а покрај него играат Никола Ацески, Емил Рубен, Тања Кочовска, Ивица Димитријевиќ, Тина Трпкоска, Оливер Митковски, Матеа Јанковска, Сашко Коцев, Нина Деан, Јордан Симонов и Тони Михајловски. Сценограф е Велимир Жерновски, костимограф Лидија Георгиевска, а музиката е на Надежда Рубин, Срѓан Јаниќијевиќ и Ивица Димитријевиќ.
Режисерот Јаниќијевиќ вели дека секој човек кој ќе дојде да ја гледа оваа претстава ќе ја почувствува болката, ќе се препознае и ќе сака да стане дел од решението на проблемот со кој живееме. „Сите чувствуваме една суштинска неправда и не гледаме излез наскоро“, рече Јаниќијевиќ. Додаде дека претставата е преполна со многу силни емоции и со хумор.
Тој верува дека оваа претстава ќе игра многу долго, а за актерската екипа рече дека е прекрасна. Според него, текстот на Дејан Дуковски е поразличен од се што напишал досега, а можеби и еден од најдобрите.
Гораст Цветковски рече дека неговиот лик некои го викаат и анти Хамлет, а тој е еден урбан херој кој ја зема правдата во свои раце и тргнува со сите кои му имаат погрешено. Сценограф е Велимир Жерновски, костимограф, Лидија Георгиевска, музика е на Надежда Рубен, Срѓан Јаниќијевиќ и Ивица Димитријевиќ. Пплакатот го дизајнираше Зоран Кардула.
Претставата е продуцирана во соработка со „Контрапункт“ и со поддршка од Општина Центар.