Мојата визија за „Кеј Македонија“
Во рамки на тренинг програмата „Овозможување локална демократија и холистички урбан развој преку SymbioCity пристап“ беа вклучени и учениците од ОУ „Григор Прличев“. На повеќе од 70 ликовни цртежи на тема „Мојата визија за Кеј Македонија“, учениците, го искажаа својот став за тоа како го замислуваат овој дел од градот.
Во знак на благодарност за нивниот труд и идеи, денес, градоначалникот на општина Охрид, Јован Стојаноски, на сите автори од ликовните цртежи им додели благодарници.
Инаку програмата е во организација на ICLD и SKL International од Шведска, во кој општина Охрид учествува преку свои претставници.