Момче од Велес пронајдено мртво во Охрид
На 18.07.2018 година во 10:45 часот било пријавено дека во Охрид во куќа на улицата „Питу Гули“ бил пронајден починат А.Д.(26) од Велес, кој живеел како потстанар. Смртта била констатирана од страна на лекар од Итната медицинска помош. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР-Охрид, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е предадено за обдукција.