25/11/2024
Македонија

МОН: Целосно променет начин и забрзана динамика на исплата на ученичките и студентските стипендии

Во последниот квартал на 2020 година, Министерството за образование и наука изврши целосна промена на начинот и динамиката на исплата на средствата за ученички и студентски стипендии. Повеќе нема доцнењена исплатата, односно на префрлање на средствата на сметките на корисниците како што се случуваше во минатото. 

Новите добитници на стипендии за учебната, односно академската 2020/2021 година, како и оние корисници кои го продолжиле правото на стипендија стекнато во некоја од изминатите години, веќе ги добија средствата – тримесечни износи кои им следуваа за 2020 година.

Оваа воспоставена динамика на редовна исплата на стипендиите ќе продолжи да се реализира и понатаму, атоа е многу важно за оние кои ги исполниле условите и гооствариле правото. Сепак, се работи за средства кои значат поддршка и унапредување на ученичкиот и студентскиот стандард, го помагаат процесот на образование и претставуваат мотивација за младите во текот на учењето. 

Раководството на МОН уверува дека унапредувањето на ученичкиот и студентскиот стандард ќе продолжи да биде еден од приоритетите и во новата година. Буџетот за оваа намена е креиран согласно реалните потреби на младите, на учениците и студентите и во насока на нивна стимулација за постигнување што поголеми и подобри резултати во текот на образованието.