28/03/2025
Охрид

Монодрамата „Љуба“ од Лилјана Стоилковска изведена во Охрид

Денеска во големата сала на Општина Охрид гостуваше Лилјана Стоилковска со перформансот на монодрамата „Љуба“ на позната македонска писателка Ката Мисиркова – Руменова.

Сценариото и режијата на монодрамата се на Стоилковска, а реч за писателката одржа д-р Васил Тоциновски.

Настанот беше организиран со поддршка на Општина Охрид и НУ Библиотека „Григор Прличев“.

Лилјана Стоилковска е позната поранешна спикерка од МРТВ, актерка, пејач и писателка, член на Друштво на писатели на Македонија.


WebOhrid / 14.03.2025 / Општина Охрид