23/11/2024
Охрид

Мопед удри во пешак на ул „7-ми Ноември“ во Охрид

На 19.05.2022 во 16.20 часот во СВР Охрид било пријавено дека на улица „7-ми Ноември“, мопед со охридски регистарски ознаки, управуван од Д.Т.(19) од Охрид, удрил во пешак С.Ш.(53) од Охрид. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле возачот на мопедот и пешакот, констатирани во ЈЗУ „Свети Еразмо“ – Охрид. Увид на местото извршила екипа од СВР Охрид.