22/11/2024
Охрид

„МОРА МОРАТОРИУМ“ – протест пред Општина Охрид

Денес во 10:30 часот пред зградата на Општина Охрид, Здружението „Стар Лагадин“ заедно со Охрид ЅОЅ, одржаа протест пред почетокот на 14 седница на Советот на Општина Охрид.

Советниците беа пречекани со натпис „МОРА МОРАТОРИУМ“.

Имено, на 24 јули 2018, Охрид ЅОЅ заедно со Здружението „Стар Лагадин“ поднесе официјално Барање до Општина Охрид, со следните точки:

1. Итно да се прогласи мораториум на градежни активности на територија на Општината додека не се донесат соодветни плански документи врз основа на стратегија за одржлив развој;

2. Итно да се донесе решение за отстранување на незаконскиот хотел во Лагадин;

3. Да се укине Одлуката за Општ акт за с. Лагадин.

WebOhrid