24/11/2024
Писма/Колумни

Моркови, априлили и Македонија

Во најновата анкета за името на Македонија и волноста или неволноста на Македонците да го сменат за да стигнат до морковот со кој ги подлажнува Комесарот на ЕУ Јоханес Хан – потенцијално членство во ЕУ – 14,1 % прифатиле промена ерга омнес (ново име за употреба насекаде), 14,4 % би прифатиле двојна формула (различно име за домашна и за меѓународна употреба), 47 % се против каква било промена на името, а 22,4568394% сакаат да ја повторат оваа анкета но само на третиот четврток во јули, во тек на полна месечина.

Замислете слична анкета во Германија или во Франција. Европската Унија би се изнасмеала на ваква првоаприлска шега.

Замислете слична анкета во Грција. Резултатите би биле сосема во насока на понатамошно дискриминирање на Македонците и на другите малцинства, дури и кога ова не би бил одговор понуден во анкетата. За бонус поени, ЕУ и ООН пак би се правеле дека не гледаат.

Замислете слична анкета во САД. Не би успеале добро да ги пребројат резултатите, па просто пак би окупирале друга земја и би се мешале во нејзините внатрешни работи за повторно да ја спроведат својата расистичка и лошо насочена меѓународна политика. И потоа повторно би ја обвиниле Русија, се разбира.

Но, да се вратиме на првоаприлската шега на оние кои би го смениле името на земјата затоа што… Чекајте, нема начин да ја завршиме таа реченица зашто НИКОГАШ не постои прилина да се смени името, националноста и идентитетот- и да се избрише нечие целокупно постоење – за да им се удоволи на „големите момци“ кои му помагаат на вашиот потчинител.

Ако нешто е толку погрешно, едноставно не го правате. Не морате никому да му објаснувате. Одговорот е очигледен, како во обожаваната Декларација за независност на САД, во која гордо се изјавува дека „Ги сметаме овие вистини за очигледни, дека сите луѓе се создадени еднакви“. Освен, се разбира, ако сте црнец, припадник на некое друго потчинето малцинство, или Македонец.

Друга очигледна вистина би требало лесно да се забележи. Ако САД или ЕУ тврдат нешто, постои голема шанса тоа едноставно да не е вистина (да е дрска лага). Тие тврдат дека ако Македонија го смени името има можност тоа потенцијално да се исплати. (Како воопшто можат да изјават вакво нешто, а камо ли да го протуркаат?)

Но тие три збора се клучни: „можно“, „потенцијално“ и „исплати“. Да провериме уште еднаш со здравиот разум и да се избришеме откако ќе се излигавиме да го кажеме горенаведеното. И да ја избришеме плунката од презирот што земји кои тврдат дека ги чуваат основните човекови права едноставно ги газат моите.

Можно: Членството во ЕУ не е гарантирано за Македонија, зашто мора да се прескокнат еден куп пречки пред владетелите на Западниот свет – Грција – да го пропуштат правото на вето и да им дозволат на нивните слуги од ЕУ да гласаат за членство на Македонија.

Потенцијално: можеме да кажеме „љубезно“. Зошто јас сум само љубезен кога ќе кажам дека ова „потенцијално ќе се исплати“. Единственото нешто што го гарантира ЕУ се астрономски цени кога нашата земја ќе стане членка, за потоа да се спроведат мерки за штедење за земјата да излезе од долгот кој го создала ЕУ.

Исплати: Прашајте ги Велика Британија, Романија и Хрватска. Можеме последнава поента да ја наречеме „Бегајте“. Бегајте подалеку од ЕУ. Ако некому се исплати, тоа ќе биде ЕУ, а не Македонија.

Да се вратиме на анкетата. Моите предци се бореле против прогонот на Грција и го бранеле македонското име, националност и идентитет. Тие не се согласија денешните жители на земјата, по децении и векови, да можат да го сменат НИВНОТО име, националност и идентитет. Нашето име е Македонија. Прекинете ги преговорите за името веднаш, вратете го здравиот разум во НАШАТА земја Македонија, па ќе му покажеме на Западот како се прави тоа.

Бил Николов, претседател на Македонско Меѓународно Движење за Човекови Права (ММДЧП).

*Ставовите во категоријата Писма/Колумни се лични ставови на авторите, за кои редакцијата на WebOhrid не сноси никаква одговорност.