Моторџиите од ИПА Србија, Хрватска и Македонија утре ќе одржат дефиле во Охрид
50-тина моторциклисти, членови на Интернационалната полициска асоцијација (ИПА) од Националните секции на Србија, Хрватска и Македонија, утре напладне доаѓаат во Охрид. Тие, кај Подмоље ќе бидат пречекани од членови на мото секцијата на ИПА Охрид како и од членови на мото клубовите од Охрид. Оттука, ќе започне заедничкото мото дефиле кое, ќе се одвива по булеварите „Туристичка“ и „Македонски просветители“ до градското пристаниште.
Моторџиите од ИПА Националните секции на Србија и Хрватска, доаѓаат во Македонија на покана на ИПА Македонија во рамките на Меѓународниот караван на пријателството. Тие денеска пристигнаа во Скопје каде, утре ќе го одржат мото дефилето по што, утре наутро, преку Тетото, Гостивар и Кичево, караванот го продолжуваат во Охрид. Во древниот Охрид, ќе ги разгледаат и најзначајните културно историски знаменитости и локалитети на градот.
Меѓународниот караван на пријателството во чие одржување значајна улога има и МВР и СВР Охрид, моторџиите од ИПА националните секции на Србија, Хрватска и Македонија, го продолжуваат кон Битола и Прилеп.
WebOhrid / 14.09.2023 / ИПА Охрид