МТСП оценето како најтранспарентно во истражувањето на Мeтаморфозис
Резултатите од истражувањето на организацијата „Метаморфозис“ за трансапрентноста на владите во регионот и институциите во Република Македонија, покажуваат дека Министерството за труд и социјална политика е најтранспарентно во своето работење.
„Ова вчера на презентација во Владата го соопштиле претставниците на невладината организација. Особено ни е драго за ваквите наоди кои сметаме дека реално го отсликуваат начинот на кој работи министерството по промената на власта во Македонија. Транспарентноста, заедно со ефикасното работење и кратењето на непрдоуктивните трошоци е една од главните заложби на новото раководство и министерката Мила Царовска. За една година промените во начинот на работење на Министерството и комуникацијата со јавноста значително се промени, а одговорноста пред граѓаните за работењето е врвен приоритет.“- велат од МТСП.
Министерството и во иднина ќе продолжи во оваа насока и се надеваме на уште попозитивни резултати.