МТСП: Разменуваме искуства со Шпанија на полето на социјална инклузија и вработување на ранливи групи
Создавање на програми за поголема социјална вклученост и вработување на тешко ранливи групи преку пилот проект во Македонија, беше целта на неколкудневната работната посета на министерката за труд и социјална политика Мила Царовска на Шпанија. Договорена е поинтензивна соработка помеѓу двете Влади во делот на социјалната заштита, како и спроведување на пилот програмата за инклузија и вработување на тешко вработливи лица АЦЕДЕР во Македонија, за што ќе добиеме техничка помош од Шпанија и УНДП.
Министерката Царовска заедно со постојаната претставничка на ОН Луиза Винтон, ја предводеше делегацијата составена од претставници на министертвото, агенцијата за вработување, УНДП и делегацијата на Европска унија. Македонската делегација имаше можност детално да се запознае со програмата АЦЕДЕР.
Министерката Царовска се сретна со државниот секретар во шпанското Министерство за здравство, социјална заштита и еднаквост, Мариа Пилар Диаз, со високиот комесар за детска сиромаштија, Луиза Карцедо, со регионалниот комесар за вработување, Карлос Фернандез Кариедо, како и со директорот на социјалните служби.