Мултиспорт трка „Акватлон“ по трет пат во Охрид
Вкупно 210 натпреварувачи беа дел од мултиспортската трка „Акватлон“ која се одржа денеска во водите на Охридското Езеро. Манифестацијата се организира по трет пат во Охрид и е дел од програмата на овогодинешното издание на Ohrid Water Festival.
На трката во осум категории се натпреваруваа учесници од Хрватска, Црна Гора, Србија, Полска, Холандија, САД и Македонија. Организатор на овој спортски настан е атлетскиот клуб „Охрид Трчат“.
На секој учесник кој ја заврши трката му беше доделен медал/финишер додека сите првопласирани натпреварувачи добија медали и дипломи.
WebOhrid / 25.08.2024 / Општина Охрид