26/11/2024
Македонија

МВР: Кривична пријава за две лица од Лисичани

Поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здраствените прописи за време на епидемија“, ОВР Кичево поднесе кривична пријава против Д.Д.(36) и С.Д.(39),двајцата од кичевското село Лисичани. На19.03.2020, при извршена контрола на лица со мерка „здравствен надзор и домашна изолација“, полициските службеници констатирале дека пријавените не се наоѓале во нивните домови и не се придржувале кон мерките за 14 дневна самоизолација. Тие на 13.03.2020, на граничниот премин ,,Меѓународен аеродром Скопје“, потпишале изјава дека доаѓаат од Швајцарија и дека во времетраење од 14 денови, во нивните домови во селото Лисичани ќе спроведат задолжителна самоизолација.