МВР: На 144 лица им се издадени решенија за изолација, а 51 лица потпишале изјави за самоизолација
Во текот на вчерашниот ден (03.04.2020) на територијата на Република Северна Македонија на 144 лица им се издадени решенија за изолација, а 51 лица потпишале изјави за самоизолација.
Од страна на полициски службеници извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација и утврдено е дека сите лица се придржувале до мерките за изолација и самоизолација.
По однос на забраната за движење во периодот 03/04.04.2020 евидентирано е дека на ниво на целата држава 59 лица не ја почитувале забраната за движење, при што приведени се 28 лица, а за останатите се земени податоци и ќе следуваат соодветни мерки.a