23/11/2024
Македонија

МВР приведе германски државјанин што германската полиција го бара за набавка на 700 килограми кокаин

На 21.08.2019 Бирото за јавна безбедност – Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, во содејство со полициски службеници од сојузната криминалистичка служба од Германија-БКА и полициски службеници од единицата за борба против дрога од Хамбург, Германија, а во координација со ОЈО за ГОКК, го лишија од слобода германскиот државјанин Р.В.Л. (55), член на меѓународна организирана криминална група. Германскиот државјанин се бараше со меѓународна потерница на Интерпол заради организирање и набавка на 700 кг. наркотична дрога кокаин од Јужна Америка до Хамбург.

Од спроведената истрага утврдено е дека пред да биде лишен од слобода, германскиот државјанин, неколку месеци престојувал на територија на РС Македонија, поточно во викенд населбата на Попова Шапка, со лажен идентитет.

На 21.08.2018 од страна Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал и соодветен број на припадници од ОСПО и полициски службеници од СР Германија, а по претходно изготвен план за реализација и издадена наредба од судија на претходна постапка, извршен е претрес во викенд куќата и лишен од слобода е германскиот државјанин Р.В.Л.. При претресот пронајдени и одзмени се и помала количина кокаин и марихуана, како и пет телефони, две платежни картички, пари, лап топ, германска патна исправа на друго име, фалсификувана полска возачка дозвола  и други предмети.

По лишувањето од слобода германскиот државјанин е предаден на Секторот за меѓународна полициска соработка при МВР на Р.С.Македонија заради понатамошна постапка во однос на распишаната меѓународна потерница од Интерпол.

На 22.08.2019 ОСОСК до ОЈО Тетово поднесе  кривична пријава против Р.В.Л. поради основано сомнение за сторено кривично дело „Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“ предвидено и казниво по чл.215 ст.1 од КЗ на РСМ и за сторено кривично дело „Фалсификување исправа“ предвидено и казниво по чл.378 од КЗ на РСМ. Лицето е изнесено пред судија на претходна постапка, кој одреди  меркаекстрадиционен притвор во траење од 30 дена.

Во врска со овој случај, портпаролот на МВР Тони Ангеловски денеска во 12 часот ќе даде изјава за медиумите пред влезот на МВР.

https://www.youtube.com/watch?v=FSCFJ5o7F2o