22/11/2024
Македонија

МВР: Приведувањето на снимателите е извршено согласно законите

Вчера (02.11.) во 14,00 часот во Полициската станица Кисела Вода, поради неовластено снимање пред и во објектот на Судот, бea приведени М. И. (29) од Скопје – снимател од македонска телевизиска куќа и Б.У. (35) од Косово – снимател на телевизиска куќа од Косово, а по претходна координација и насоки дадени од дежурен Јавен обвинител. Со приведените лица е извршен службен разговор во ПС Кисела Вода по што тие се пуштени. Од страна на СВР-Скопје ќе биде доставено известување до скопското Основно Јавно Обвинителство за досега превземените мерки.

Во овој, како и во сите други случаи, МВР постапува согласно законските норми и надлежностите, при тоа доследно применувајќи ги професионалните стандарди.