МВР распиша меѓународна потерница за Сашо Мијалков
Министерството за внатрешни работи, на својата веб страница во делот на потраги, денес ја ажурираше објавената потерница по Сашо Мијалков, од национална во меѓународна потерница.
Вчера попладне полицијата не успеа да го најде Мијалков за да му врачи решение за куќен притвор, поради постоење на основано сомневање дека сторил три кривични дела: злоупотреба на службената положба и овластување, злосторничко здружување и примање награда за противзаконито влијание.
Во завршните зборови Обинителството во судскиот процес „Таргет-Тврдина“ побара максимална казна за Сашо Мијалков, а пресудата треба да биде објавена во петок, на 26ти февруари.