МВР со детали за инцидентот во ОЕМУЦ „Св.Наум Охридски“, Охрид
На 31.01.2019 околу 15:00 часот во СВР Охрид било пријавено дека во средното училиште ОЕМУЦ „Св.Наум Охридски“, за време на големиот одмор, по претходна расправија, ученикот Б.З. (17) извадил импровизиран пиштол и пукал кон А.И. (16), при што му нанел телесна повреда на А.И. во пределот на раката, по што си пукал во пределот на главата. Б.З. се здобил со повреди и бил пренесен во болницата во Охрид.
Се работи на расчистување на случајот.